За учесниците во акцијата „ Денот на дрвото- засади ја својата иднина“ , есен 2013 година, што ќе се одржи утре на 27- ми ноември 2013 година, организиран е посебен превоз.
Според оперативниот план ,
- 2 автобуси ќе тргнат од пред ОЕМУЦ „ Св. Наум Охридски“ ,
- 2 автобуси од ОУТУ „ Ванчо Питошески“ ,
- 2 автобуси од ОСУ „ Св. Климент Охридски“ и
- 1 автобус ќе тргнува од пред зградата на општина Охрид.
Автобусите ќе поаѓаат во 9.00 и 11.00 часот.
Оваа година ќе се засадат дрва во месноста „ Мазатар“ кај селото Горно Лакочереј.
Извор: www.ohrid.gov.mk |