Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПОСТАВЕНИ НОВИ ИНФОРМАТИВНИ ТАБЛИ
Untitled Document

Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид, во рамки на проектот „WaterNet“ , на две локации во градот постави нови информативни табли.

Информативните табли со податоци за историското и културното значење на локациите се поставени кај црквата  „Света Софија“ и кај Стариот Чинар и претставуваат своевиден времеплов низ годините наназад.
Таблите изобилуваат со слики од минатото превземени со дозвола на администраторот на  фејсбук страницата „Охрид – слики од минатото“ каде на оригинален начин преку слика и збор, накратко, минувачите ќе имаат можност да го проследат чекорот на својот град од минатото до денес.

Како црквата Света Софија се обновуваше, реставрираше и го добиваше денешниот изглед  и сведоштвата на највиталниот старец – Чинарот преку зборовите на историчарот и генолог  Владо Ангеличин Жура ќе останат врежани во меморијата на секој минувач, гостин и пријател .

Вакви информативни табли е предвидено да се постават на повеќе јавни површини во близина на значајни локалитети во Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1372  пати
Објавено на: 02.12.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©