Повеќе од 100 деца од четврто одделение од ОУ „Христо Узунов“, денеска ја посетија општина Охрид. Нив ги пречека заменик градоначалникот Ангел Јанев, кој ги запозна со основните функции и работата на Локалната самоуправа. Покрај тоа, учениците посетија и неколку служби во локалната администрација и се интересираа за нивата работа и комуникација со граѓаните.
Оваа посета е дел од проектот „Градот низ детските очи“, што се реализира по препорака на Министерството за труд и социјална политика..
Извор: www.ohrid.gov.mk |