На туристичкиот пазар, како специфичен сегмент на севкупниот економски пазар, производителите и понудувачите настојуваат да ги стават на располагање своите производи и услуги чија што основна цел е да се задоволат потребите на потрошувачите – туристите. Охрид и охридскиот регион поседуваат потенцијални можности да се приклучат на кругот на туристички најатрактивни дестинации, а за достигнување на таа цел потребно е константно обликување на развојната туристичка политика. Сите досегашни стручни анализи и констатации на Секторот за туризам и локален економски развој укажуваат дека за развој на туризмот имаме доволно можности и потенцијал, кои што можат позитивно да влијаат на целокупниот економски и социјален развој на Охрид и Охридскиот регион. Имаме непроценливо богатство на природни убавини, културни и традиционални вредности, кои треба правилно да се искористат и да се претстават како квалитетни производи со пратечки висококвалитетни услуги, со помош на знаење и креативност и преку стимулација на претприемништвото. Анализата која ја спроведе секторот ТЛЕР дава прецизни информации за предностите на кои се темели туристичката традиција на Охрид како и слабостите, растот, развојот и конкурентноста на туристичкиот производ во Охрид.
Во прилог Анализа и вреднување на туристичкиот производ на Охрид
Извор: www.ohrid.gov.mk |