Oткако вчера беа отстранети поставените рампи кои го спречуваа нормалното функционирање на сообраќајот во најспецифичниот простор во градот, а утринава се работеше на отстранување на бетонските топки и препреки на кејот Маршал Тито, како што беше најавено за денеска, беа превземени и градежни зафати за отстранување на бетонираните острови на кои беа поставени паркинг апаратите.
Со овој зафат се финализираат активностите со кои ќе се овозможи непречено функционирање на сообраќајот во центарот на градот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |