Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОДДРЖАН ИНФО ДЕН ПОСВЕТЕН НА АКТИВНОСТИТЕ НА НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ
Untitled Document

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, денеска во просториите на општина Охрид одржа презентација за европските образовни програми и мобилност, со што се отвори можност за поблиску да се запознаеме со новите програми на оваа агенција во делот на образованието.

Општина Охрид придава големо значење на воведувањето на нови форми и програми кои се во насока на подобрување на перформансите на образовниот систем и посебно во оној дел кој претставува континуирана едукација во управните органи. Современиот начин на поставеност на едно општеството, подразбира воведување на програми и техники кои можат да одговорат на техничко-технолошкиот развој и да се го следат брзото темпо на економско- социјални промени. – изјави секретарот Димитар Спасески

Општина Охрид во целост се фокусира на прифаќање и воведување на стандарди за пристап во современите едукативни форми и во рамките на своите законски овластувања и можности ќе ја поддржи секоја иницијатива за подобрување на овој дел од општественото живеење.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1252  пати
Објавено на: 22.11.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©