Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПО ПЕТТИ ПАТ „SOUND OF EGYPT“ ВО ОХРИД
Untitled Document

 Заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев синоќа во Центарот за култура “Григор Прличев“ го отвори Фестивалот на музичкото и фолклорно творештво на Египќаните од Р. Македонија „ Sound of  Egypt“, што по петти пат се одржува во Охрид.


-          Како град  на соживотот во кој се негуваат различните култури и вредности,овој фестивал зазема посебно место на културната и фестивалска мапа на Охрид. Почитувани, ова е Ваша ноќ. Вечерва преку музиката и танцот, ќе биде отсликан духот, енергичноста и љубезноста кои се одлика на етничката група на која вие припаѓате .  Со желба  овој фестивал,    да ја доживее “возраста  “  на Балканскиот фестивал на народната музика и танци“ или  на фестивалот “Охридско лето“ ги поздравам изведувачите, организаторите на ова случување  како и  претставниците на Здружението на Египќаните од Охрид, истакна Јанев, посочувајќи дека Египќаните се значајни  чинители  во културниот, политичкиот и економскиот живот во Охрид и битни градители  на соживотот и толеранцијата.
 


 Синоќа Здружението на Египќаните од Охрид, во знак на благодарност за поддршката која ја добиваат од Локалната самоуправа  додели  благодарница за градоначалникот Никола Бакрачески  а во негово име  ја прими  заменик  градоначалникот, Ангел Јанев.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1332  пати
Објавено на: 24.11.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©