Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денес оствари работна средба со ректорот на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, Нинослав Марина.
На средбата се разговараше за можностите да се воспостави соработка меѓу Универзитетот „Св. Апостол Павле“ и Општата Болница од Охрид во делот на научното истражување пред се за усовршување на техниките методи и софтвери за рано откривање на клетки на ракот.
Според замислата биолози , доктори и ајти инженери, заеднички би работеле на развивање проект врз основа на кој што би се истражувале методи и постапки за рано откривање на клетките на ракот како една од најтешките болести на денешницата.
Извор: www.ohrid.gov.mk |