За прв пат, во организација на општина Охрид и АКК Примо авј од Скопје,
на 15 август со почеток од 18 до 22 часот и 16 август со почеток од
11 до 22 часот, охриѓани и гостите ќе имаат можност да уживаат во ревијалата
изложба на олдтајмери „ Олдтајмер Ревија Охрид 2014“.
Изложбата на 40 –те историски возила произведени до осумдесеттите години
ќе се одржи на три локации во градот, кај Чинарот, на шеталиштето и
плоштадот Св. Климент Охридски.
На изложбата на која најстариот автомобил ќе биде од 1931 година,
посетителите ќе имаат можност да ги запознаат и олдтајмерите на екипите од
соседните земји.
Покрај изложбениот дел , вљубениците на олдтајмерите ќе имаат можност да го
проследат и ревијалното возење во сабота, 16 август, од 14:30 часот до
месноста Св. Наум и 20:30 часот до хотелот Инекс Горица.
Ревијата е од меѓународен карактер, а учество ќе земат екипи од Македонија,
Бугарија и Србија.
Се очекува во иднина манифестацијата да добие традиционален карактер,
а ревијалното возење да прерасне во меѓународна трка на олдтајмери.
Извор: www.ohrid.gov.mk |