Се известуваат лицата кои се корисници на стипендиите за основно, средно и високо образование, избрани по јавниот оглас што го распиша општина Охрид, дека во понеделник ( 17. 02.2014 г. ) треба да дојдат во Одделението за образование во Локалната самоуправа (кај Лиле Маркоска ). Корисниците треба да достават трансакциска сметка и документ за идентификација. Малолетните корисници, доколку немаат своја, да достават трансакциска сметка на родителите или старателите.
Извор: www.ohrid.gov.mk |