Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СРПСКИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ КОИ БЕА ДЕЛ ОД МЕШАНИТЕ ПАТРОЛНИ СЛУЖБИ ЗА ЗИМСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ПРЕД ЗАМИНУВАЊЕ НА ПРИЕМ ВО ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Заменик градоначалникот на Охрид , Ангел Јанев денес ги прими двајцата српски  полициски службеници  на заминување, Далибор Видевски и Миљан Групковиќ, кои во период на Новогодишните, Божиќните и Богојавленските празници беа дел од мешаните полициски патроли во градов.

Двајцата полицајци од соседна Србија, презадоволни од работниот ангажман во Охрид, но и од гостопримството и одличниот прием од македонските колеги и охриѓани , велат повторно би се вратиле да работат во Охрид кој според нив е мирно место за живеење но и еден од најубавите градови кои до сега ги посетиле.

Мешаните патролни служби составени од македонски и српски полицајци прв пат  профункционираа минатото лето, кога во две групи на служба во Охрид доаѓаа по двајца службеници  од Србија. Денешната група на заминување беше дел од мешаната полициска патрола која за прв пат  кај нас дејствуваше во зимскиот период. Идните мешани полициски патроли се очекуваат на почетокот од ова лето.       

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1237  пати
Објавено на: 24.01.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©