Согласно законот за угостителска дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/2004, 89/2008) член 33 став 1 важноста на Решението за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување од мал обем трае 3 (три) години од денот на изготвувањето на истото.
Секторот за Туризам и Локален Економски Развој Ве информира дека на сите физички лица на кои им е истечена важноста на Решенијата за категоризација, потребно е да се поднесе ново барање за утврдување на минимално-техничките услови и продолжување на решението за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување од мал обем.
БАРАЊЕТО се поднесува во секторот за Туризам и ЛЕР со седиште во просториите над УНИ банка (втори спрат).
За физичките лица кои издаваат легла во сместувачките капацитети од мал обем, а немаат решенија за категоризација или важноста на истите е истечена, согласно законот за угостителска дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/2004, 89/2008) член 67 се преземаат соодветни мерки.
Подетални информации на тел. 046/ 230 175 и 230 455
Извор: www.ohrid.gov.mk |