Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ХУМАНОСТА ПОВТОРНО НА ДЕЛО ВО ОХРИД
Untitled Document

 Охридската компанија “Милкуз “  денеска  во своите простории,  донира дванаесет огревни тела на социјално загрозените семејства и  воспитно – образовни  институции во градов.
Од нив две печки на пелети   беа  донирани за објектите од детската градинка “Јасна Ристеска“а од 10-те шпорети на дрва кои ги донира оваа компанија пет ќе бидат за охридските основни училишта во руралните средини а останатите пет за  охридскиот Центар за социјални грижи кој  истите ќе ги даде на пет социјално загрозени семејства од  Охрид  .

Претседателката   на охридскиот Совет, Гордана Коњановска, истакна дека општина Охрид секогаш ги подржувала и ќе подржува хуманите акции и изрази желба бројот на правни и физички лица кои даруваат да се зголемува од година во година.     

 Ова е една исклучителна прилика во која што покажуваме како заедницата во повеќе нивоа може координирано да функционира и крајниот резултат да биде една ваква благородна акција како што е донирање во случајов на грејни тела, како на лица социјално загрозени така и на општествени институции , кои во случајов се од областа на образованието, единици на детската градинка “Јасна Ристеска“и основните училишта главно во руралните средини. Ова претставува пример за општествена одговорност. Годинава тоа е донација на господинот Кузманоски и неговата компанија и јас се надевам дека ќе стане традиција и дека во иднина ова ќе биде поттик за многу компании и единки од бизнис заедницата на Општина Охрид да се вклучат во ваков тип на акции, а секако Локалната самоуправа ќе е секогаш тука да ја направи координацијата, да ги избере  примателите на донацијата  односно оние субјекти на  кои таа им е најпотребна во дадениот момент. Се надевам дека во иднина ќе имаме се поуспешни и поуспешни примри на општествена одговорност , истакна Коњановска .

Директорот на Центарот за социјални грижи, Екрем Каљоши, се заблагодари на фирмата “Милкуз“ што позитивно одговорила на нивното барање и донирала огревни тела за социјално загрозени семејства од Охрид. Каљоши апелира и до останатите субјекти од охридската бизнис заедница   активно да се вклучуваат во вакви акции и да помагаат на лица и семејства на кои тоа им е потребно.                 

Во рамките на проектот “Топол дом“побаравме бизнис заедницата да се вклучи во акцијата а не само поединци. За наша среќа наидовме на топол прием од страна на господинот Мише Кузманоски сопственик на фирмата “Милкуз“ кој одговори со повик да донира десет  камини  на лица вклучени во системот за социјална заштита а кои што  доставија барање до нас , дека имаат потреба од такво нешто . Денеска се реализира првиот дел од таа активност. Значи денеска ќе се доделат пет камини на социјално загрозени семејства додека преостанатиот дел на камините е предвиден за институции . Ние очекуваме во иднина ваквиот хуман потег на господинот Кузманоски да наиде на прием и од други стопанственици кои што активно ќе се вклучат во системот на социјална заштита односно на лица кои се загрозени и имаат потреба од таква донација,  истакна Каљоши.

Охридската компанија “Милкуз“, денес со вредните донации беше пример за останатите стопански субјекти  дека треба да донираат и да помагаат секој во рамки на своите можности. Од таму најавуваат дека акцијата ќе добие традиционален карактер.     

        

Посакуваме ова да постане една традиција и се надеваме дека идната година ќе имаме поголема донација , и очекуваме и другите охридски фирми и поширокиот регион да се вклучат со поголеми донации, изјави Мери Најдеска од менаџерскиот тим на компанијата, “Милкуз“.

 „Милкуз” е фирма за производство на камини .  На пазарот на Европската Унија, успешно опстојува веќе 23 години .

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1442  пати
Објавено на: 08.09.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©