Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
БРОЈНА ПУБЛИКА ГО ПОЗДРАВИ ОТВОРАЊЕТО НА ЛИЗГАЛИШТЕТО КОЕ ГО ЗАЖИВЕА ОХРИДСКИОТ ПЛОШТАД
Untitled Document

Со неколку часовен музичко сценски хепенинг и настап на музичката ѕвезда Ламбе Алабакоски, вечерва на градскиот плоштад свечено беше отворено лизгалиштето на мраз.
Градоначалникот Никола Бакрачески и посака топло добре дојде на бројната публика, најавувајќи интересни содржини за наредните пред новогодишни денови, но и ветувајќи дека од оваа година секоја наредна ќе биде се подобра во поглед на организација на Новогодишните, Божиќните и Богојавленски празници.

-Се надевам дека ние како  Општина, заедно со јавните претпријатија и сите луѓе кои го сакаат Охрид, ќе успееме  и во овие зимски месеци да го направиме привлечен градов како за неговите жители така и за гостите. Во наредниве  денови  ќе имате можност да се забавувате и  рекреирате со содржини  со кои се надевам ќе ги развеселиме и стоплиме вашите срца. Ова лизгалиште е нова содржина како за најмладите така и за повозрасните. Тоа  е убава можност за сите кои знаат да лизгаат а за тие кои не научиле одлична шанса да ги научат првите чекори во лизгањето-,истакна градоначалникот Бакрачески.

 

 

Вечерашните понудени забавно- музички содржини беа со задоволство примени од  многу бројните насобрани охриѓани и гости, млади и возрасни кои танцуваа и се забавуваа. Дедо Мраз ги стопли срцата на најмладите делејќи им балони и шеговити зборови.
Инаку, новогодишната неколку дневна програма во организација на Општина Охрид продолжува наредниве денови.Во среда во спортската сала “Атина Бојаџи“  е предвидена  новогодишната забава на Општина Охрид, во четврток во ЦК “Григор Прличев“ ќе се одржи хуманитарен концерт, а во сабота на градскиот плоштад е stend- up комедијата во изведба на Никола Тодороски.

Пред новогодишната програма на Општина Охрид се заокружува во понеделник со настапот на неколку културно уметнички друштва од градов. Од Локалната ветуваат незаборавен дочек за новата година на градскиот плоштад, како и интересни содржини за Божиќните и Богојавленските празници.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1347  пати
Објавено на: 23.12.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©