Поради стартот на летната туристичка сезона во месеците јули
и август ќе има прекин на градежните активности и пополнување на
ударните дупки низ централните улици во Охрид. Во овој период
активностите ќе се реализираат во периферните градски улици.
Деновиве Секторот за комунален развој, сообраќај и улици при Општина Охрид
работи на пополнување на ударните дупките на улицата “Момчило
Јорданоски“ во близина на населбата Бараки и истата се очекува да заврши на
крајот од оваа работна недела.
Во изминатиов период веќе се пополнети дупките на улиците: “Гоце Делчев“,
кеј “Маршал Тито“, “Димитар Влахов“, “Партизанска“, “Јане Сандански“, “Абас
Емин“, “Васил Стефоски“, “Аџи Мустафа“, “Бекир али Риза “, “7-ми Ноември“,
“Питу Гули“, “Никола Петров- Русински“.
Со проектот за пополнување на ударните дупки е предвидено
асфалтен материјал да се стави на површина од околу 1 500
квадрати.
Извор: www.ohrid.gov.mk |