Охридски
и ирачки бизнисмени
денеска во општинската зграда на
работна средба ги согледуваа можностите со заеднички соработка.
Тринаесетте ирачки
гости-бизнисмени и членови на стопанската Комора од областа
Сулејманија, предводени од претседателот за интернационална соработка
Абдулрахим Хусеин Али, пројавија интерес за откуп на земјоделски и
овоштарски производи .
Ние како Локална Самоуправа им понудивме неколку локации
како можност каде би можеле да се изградат такви откупо- дистрибутивни
центри со оглед на тоа што посочените локации се блиску и до Охридскиот
аеродром Св. Апостол Павле како
и поврзани со магистралните патишта. Интерес постои, а во овој момен
проблем кој се наметнува е во
потешкоитиите за добивање виза, односно за да стигнат
во Македонија најпрво треба да одат во Истанбул од каде што од нашиот
конзулат обезбедуваат визи за Македонија. Но оваа делегација беше во посета
на неколку министерства и сметам дека овој проблем ќе се надмине и реши на
повисоко ниво. За нас особено значајно како Општина е дека ние на овој
состанок поканивме голем број претставници на бизнис секторот од Охрид, тие
разменаа контакти со ирачките бизнисмени, а по завршувањето на состанокот
очекуваме нивна непосредна
соработка. Нашата улога како Сектор за ТЛЕР при посредување и менаџирање
сметаме дека успешно сме ја завршиле,- истакна
Ѓоко Апостолов од Секторот за туризам и локален економски развој.
Инаку работната средба
во Охрид е дел од едно
неделната посета на
ирачката делегација во
Македонија. Ирачаните
покажале интерес за вложување
во повеќе сектори: Агро- бизнис , туризам, здравствен туризам, трговија со
електронска опрема и опрема за
домаќинства. По престојот во Македонија и Охрид
идниов период
се очекува да се организира заеднички бизнис форум и дефинирање
на можностите за потенцијална соработка во конкретни стопански
области.
Извор: www.ohrid.gov.mk |