Денешната 26 седница на Советот на Општина Охрид помина во знакот на
двете точки кои се однесуваа на Предлог одлуките за давање на согласност за
одлуката за усвојување на физибилите студијата за ЈП Градски Пазар Охрид и
Предлог одлуката за започнување на повторената постапка за доделувањена
договор за вопоставување на јавно приватно партнерство за изградба на
затворен зелен пазар. Пред усвојувањето на дневниот ред, на предлог на
секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески, овие точки, како и точката за
Предлог одлука за давање согласност на одлуката за дополнување на ценовникот
на услуги на ЈП “Нискоградба“ Охрид, со 14 гласа за и 8 против беа поддржани
од советниците како дополнение на дневниот ред. Како што и се очекуваше
првите две точки од дневниот ред предизвикаа најмногу полемика меѓу
советниците. Представникот на Консултантската фирма, изготвувач на
физибилити студијата, пред советниците ги истакна основните принципи на
изработка на студијата и нејзината содржина. По плодна дебата на повеќе
советници, и двете точки со 14 гласа за и 8 против беа поддржани од
мнозиството советници.
За следните четиринасет точки од дневниот ред кои се однесуваа на извештаи
за реализација на програмите од повеќе сектори и одделенија од општинската
администрација за вториот квартал од годинава , советниците имаа заедничка
расправа, а секоја точка се гласаше поединечно. Точките беа усвоени со 13
гласа за, 5 против и 1 воздржан. Малку повеќе советничка полемика предизвика
точката која се однесуваше на извештајот за остварување на Буџетот на
општината за првите шест месеци од 2014 година, но и таа со огромно
мнозинство беше усвоена од советниците. Следните седум точки кои се
однесуваа на заклучоци, информации и одлуки за работа на јавни установи,
спортски колективи,јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот, како и
именување на членови во Училишниот одбор на средното општинско стручно
училиште “Свети Кирил и Методиј“, беа усвоени со огромно мнозинство, а за
некои се гласаше акламативно.
Советниците покажаа најмногу сенс и заедништво за следните 52 точки од
дневниот ред кои се однесуваа на одлуки за донесување на урбанистичко
планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти или за
усогласување на траса за сообраќајна инфраструктура. Сите точки беа донесени
едногласно, со што беше исцрпен дневниот ред на 26 седница.
Извор: www.ohrid.gov.mk |