Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ НА ЗАЕДНИЧКА СРЕДБА НА ТУРИСТИЧКИТЕ ДЕЛЕГАЦИИ ОД МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈA
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески учествуваше  на координативна средба  меѓу туристичките делегации од  Р. Македонија и  Р. Бугарија што денес се одржа  во Скопје на иницијатива на  Министерот  за економија  на Р. Македонија,Беким  Незири.
На работната средба на која учествуваа   претставници на туристичките асоциации  и градоначалниците на Сандански, Смолјан, Благоевград, Чепеларе и Банско од бугарска страна и  претставници на туристичките асоцијации и деловните здруженија на туристичките работници,  Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, како и градоначалниците на Охрид, Скопје, Тетово, Крушево, Општина Чаир, Маврово и Ростуше од македонска страна,  се разменуваа ставови и мислења за продлабочување на  соработка во туризмот помеѓу двете соседни држави.

Во своето излагање  пред присутните , градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески   се заблагодари за посетата на гостите од Бугарија  и ја поздрави иницијативата на Министерството за економија и ресорниот Министер Незири за одржување на заеднички координативни средби.   Зборувајќи  за богатото културно, историско и природно  наследство на Охрид градоначалникот Бакрачески  се осврна на четири сегменти кои се особено важни за продлабочување на туристичката соработка меѓу Р. Македонија и Р. Бугарија:

„-Од круцијално значење за двете држави е создавање заедничка агенда   за развој на туристички продукти и менаџмент дестинации бидејќи заедничкиот настап овозможува поатрактивна понуда за туристите кои доаѓаат од  Далечниот Исток пред се од Кина Јапонија и Јужна Кореја како и од Северно европските држави особено Скандинавија како дел од нивните балкански или европски тури.
-Од особена важност за развој на туризмот од двете страни на границата е воспоставување на билатерални односи, како што е збратимување на градови од Р. Македонија и Р. Бугарија кои преку разни форми на меѓусебна соработка   ќе овозможат движење на луѓе од двете страни на границата .
- тесна соработка  при аплицирање проекти  за ИПА прекугранична соработка на општини од Р. Македонија и Р. Бугарија во делот на инфраструктурата,  културната размена, спортот и негувањето заеднички традиционални вредности.
- Заеднички настап на општини од Р. Македонија и Р. Бугарија пред владите на овие две држави за подобрување на патната инфраструктура  и отворање можности за воспоставување авио линии меѓу двете држави“- подвлече Бакрачески.

 Според министерот Незири, бројот на туристите од Бугарија во Македонија последниве три години се зголемува во континуитет и лани достигнува бројка од  25 илјади, но оваа бројка во споредба со бројот на македонските туристи кои ја посетиле Бугарија е многу мала.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1338  пати
Објавено на: 02.02.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©