Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПОВЕЛБАТА “СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ПОСТХУМНО ДОДЕЛЕНА НА СЛОБОДАН КРЛЕСКИ
Untitled Document

Повелбата  “Свети Климент Охридски“ за заслуги,  афирмација и промоција на Охрид и неговите вредности , годинава постхумно е  доделена на   познатиот фолклорист Слободан Крлески .


 Претседателот на комисијата за празници и манифестации, Дејан Паноски  ја образложи одлуката на петчлената комисија,  оваа награда постхумно да биде доделена на  Крлески.

   
-Слободан Крлески е еден од основачите на големите фолклорни и културно уметнички друштва од Охрид . Еден од оние кои неуморно го пренесуваа фолклорот и традиционалните вредности на Охридскиот крај во низа земји во светот , афирмирајќи го со тоа нашиот град , неговото име и неговото значење. Благодарение на посветеноста на Крлески , Охрид беше застапен како име во голем број весници , магазини, списанија кои ги следеа неговите настапите пред голем број претседатели,  кралици, државници. Тој ја пренесуваше играта, тие пишуваа за Охрид. Ретката внесеност во пренесувањето на фолклорот и традициите останува како пример на љубовта кон својот град и татковина и негова промоција низ светот, љубов поголема и од онаа кон самиот себеси. Почитувањето на традициите и фолклорот не сочувало како идентитет низ минатото и истото тоа ќе не сочува во било какви бурни времиња во иднината, истакна Пановски.


 
Годинава до комисијата за празници и манифестации во состав Дејан Пановски ,  Јованка Точкова, Оливија Пирузева – Јанева, Коста Трифуноски и Александар Калачоски, апликации  за    повелбата поднесоа:   д-р Никола Филев, професор  Стефан Каневче, фотографот Зоран Велјаноски - Летра, фолклористот  Слободан Крлески и Здружението на пензионери од општина Охрид.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1300  пати
Објавено на: 05.12.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©