Јавното претпријатие „Нискоградба“, денес започна со поставување на фекална
канализација на улицата „Прва македонска ударна бригада“. Претходно
фекалиите од оваа улица се пренасочуваа кон споредните улици „Трајче
Дојчиноски“ и „Александар Гушо“, па поради тоа доаѓаше до преоптоварување на
канализацијата што резултираше со застои и излевање на фекалии.
По апелите од жителите кои живеат на овие улици, за решавање на проблемот,
со ново предвидената фекална канализација, која е со профил ф300 и со
должина од 150м и за која се предвидени шест ревизиони шахти, овај
долгогодишен проблем ќе се надмине.
Извор: www.ohrid.gov.mk |