Синоќа во дворот од СОУ “Свети Климент Охридски“, пред родителите, блиските и професорите, свечено им беа доделени матурските дипломи на учениците од генерацијата 2014/2015 година.
- Секое доаѓање во ова училиште во мене буди пријатни емоции и кога за миг би можел да бидам во вашите редови и дел од вас, тогаш повторно и без размислување би го направил. Се разбира дека не можам. Но она што можам да ве уверам е дека вие сте најголемата причина поради која јас станав градоначалник, бидејќи сакав град со еднакви можности за сите. Она што го посакувам за моето дете, го посакувам за сите вас и сите деца во градот Охрид. Сакав секое дете да има подеднаква можност да посетува факултет и високо образование без разлика дали неговите родители се богати или не“, истакна во своето емотивно обраќање градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
Директорот на ОСУ “Свети Климент Охридски“, Звонко Трпески на матурантите им порача “да ги реализираат своите сништа и да се стремат кон најголемата титула - да се биде и остане ЧОВЕК“.
Матурантите пред присутните приредија креативна видео презентација на сите класови од генерацијата 2014/2015 година.
Извор: www.ohrid.gov.mk |