Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НЕДЕЛАТА НА СПОРТОТ СО ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ ВО ОХРИД
Untitled Document

Одбележувањето на 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија, годинава ќе биде во знакот на спортот и спортистите, под мотото – “Сите заедно за спортот“. Манифестацијата денес ја започнаа повеќе од 30 велосипедисти од повеќе клубови во Македонија, кои во наредните 6 дена ќе поминат низ 20 градови, промовирајќи го велосипедизмот, спортот и заедништвото.

На крајот од првата етапа од Скопје до Охрид, велосипедистите на градскиот плоштад беа пречекани од градоначалникот Никола Бакрачески, кој им ја честиташе успешно извозената прва етапа.

Велосипедистите, кои вечерва имаме можност да ги поздравиме на првата етапа од Скопје до Охрид,  идните 6 дена ќе пропатуваат повеќе од 700 километри и ќе поминат над 20 градови од цела Република, за да ја пренесат пораката дека спортот, и оној професионалниот и рекретаивниот, имаат една намера - преку популаризација на спортските активности да се оддбележи 22 годишнината од независноста на Република Македонија. Во таа насока и Општина Охрид со организирање  на неколку спортски настани, достојното ќе свклучи во одбележувањето на празникот – истакна Бакрачески.

Градоначалникот Бакрачески, очекува граѓаните на Охрид, на градскиот плоштад сплотено да ги проследат натпреварите на македонските репрезентативци од Европскиот шампионат во кошарка и престојните фудбалки натпревари на најдобрата репрезентација, за заеднички да го прославиме Денот на независноста и успехот на нашите спортисти.

Видео запис:

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1247  пати
Објавено на: 01.09.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©