Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, денеска на гинеколошкото одделение при Општата болница Охрид, го посети прво роденото бебе во 2014 година.
Првото новороденче е женско. Леона е второ дете на мајката Дијана Матеска Тодороска. Бебето е родено во 1 часот и 40 минути по полноќ, долго е 51 сантиметар и тешко 2 килограми и 970 грама. Мајката и бебето се наоѓаат во одлична здравствена состојба.
Градоначалникот Бакрачески на Леона и подари 10 000 денари, и и посака добро здравје, среќа, љубов и успех во животот што претстои пред неа.
- Како што велат ако по утрото денот се познава, после првиот ден поминат овде на гинекологија веројатно се надеваме сите ние охриѓани дека 2014 година ќе биде и тоа како бериќетна за градот Охрид, како и за гинеколошкото одделение при Општата болница Охрид. Јас со една нескриена радост и задоволство дојдов да честитам на прво роденото дете во 2014 година, но на општо задоволство и на моја посебна радост наидовме на една многу поубава гледтка. Од вработените разбравме дека, некаде од пред нова година, пред одбележувањето па во текот на овај ден 1-ви Јануари, имаме 4-ри ново родени бебиња што за мене е посебна радост, а тоа би требало да биде исто така и за целиот град Охрид. – изјави градоначалникот Бакрачески
Градоначалникот Бакрачески ја искористи приликата да им честита на мајките од сите новороденчиња во 2014 година им посака бебињата да бидат здрави, живи, весели, радоста да ги прати во целиот нивен живот,а успесите и достигнувањата да не ги одминат во текот на целиот живот.
- Од оваа година, Локалната самоуправа одлучи, покрај мерките на Владата на Република Македонија, секое прво родено и второ родено дете биде наградено со сума од 5 000 денари. – најави градоначалникот Бакрачески
Извор: www.ohrid.gov.mk |