Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЧАСОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА
Untitled Document

Охрид вечерва беше дел од  седуммилјадите градови каде што згаснаа милиони светилки за спас на планетата Земја.
Во Балканскиот Ерусалим вечерва во 20 и 30 часот на повеќе локалции низ градот  беа згаснати светилките со што симболично се одбележа  Часот на планетата Земја,кога во целиот свет се прача апел за штедење на енергијата и за  намалување на климатските промени.

Светлата беа згаснати  на Самоиловите Тврдини,комплексот Канео и споменикот Св.Климент Охридски на истоимениот плоштад.
На плоштадот Свети Климент Охридски  со запалени свеќи  се формира бројот 60+, што  означува 60-минутно штедење на енергетските ресурси и заштита од климатските промени, а во исто време  30 волонтери  на Црвениот Крст  се движеа  со запалени свеќи.

Ова планетарно движење е поддржано од организацијата WWF (World Wildlife Fund), се спроведува во 154 држави во светот и е поддржано од светските метрополи.
Фотографиите од случувањето во Охрид се испратени  до WWF организацијата со што Градот Охрид  ќе се вклучи во мрежата на светските градови кои ја поддржуваат оваа манифестација како Париз, Лондон, Виена, Сиднеј и многу други кои во рамки на акцијата го гаснат целото осветлување.

Слични активности   имаше и во цементарницата „Усје“ каде што  еден час  се исклучи струјата во  мелницата за цемент и сите невитални објекти во кругот на фабриката.
 Во кафе-барот „Драма“ на улица „Македонија“ во Скопје, ЕВН, плоштадот „Македонија“, палатата „Пелистер“ и Ристиќева палата, Камениот мост и Скопското Кале, осветлувањето во трговскиот центар „Сити мол“,паркот Јане Сандански, паркот авион и паркот на езерата во општина Аеродром како и парковите Шопен и Бранители и Верско-рекреативен објект „Три Круши“ во Кисела Вода.

Поддршка на акцијата даде и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) како официјален координатор за климатските промени во Македонија.
Ова планетарно движење е поддржано од организацијата WWF (World Wildlife Fund), се спроведува во 154 држави во светот и е поддржано од светските метрополи.

Earth Hour Macedonia: Ohrid - Kaneo

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1287  пати
Објавено на: 30.03.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©