Петдневното чествување на големиот христијански православен праник „ Богојавление- Водици„ , синоќа беше збогатено со концерт на македонската поп дива Каролина Гочева. На преполниот градски плоштад, Каролина Гочева на публиката и приреди двочасовно музичко уживање, заедно пеејќи ги популарните композиции од нејзиниот последен албум „ Македонско девојче 2 „ , а присутните беа почестени со извонредната изведба на песната „ Лихнида кајче веслаше„ .
Извор: www.ohrid.gov.mk |