Здружението на пензионерите од општините Охрид и Дебрца, на денешната седница на Собранието, на заменик градоначалникот Ангел Јанев му додели Плакета за особен придонес во развојот на пензионерската организација.
-Во име на градоначалникот на оштината Охрид Никола Бакрачески, сакам да објавам, дека благодарение на огромната посветеност на градоначалникот, Локалната самоуправа, неколку министерства, советници, граѓани и на вашата организација, дојдовме до фазата за предобјава на јавен повик за интерес за изградба на најголемата повеќе децениска потреба на пензионерите на Охрид и Дебрца, домот за пензионери и стари лица- рече заменик градоначалникот Ангел Јанев на седницата на Собранието на здружението на пензионери од општините Охрид и Дебрца.
Извор: www.ohrid.gov.mk |