По повод одбележувањето на 7 Ноември- Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор, градоначалникот Никола Бакрачески до граѓаните упати честитка, во која порачува дека чествувањето на ваквите големи празници, треба да ги мотивираат сите да даваат уште поголем придонес во развојот на градот и пошироката општествена заедница.
– Нека ни е чесит 7 Ноември- Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор и неговите сојузници и нека бидат вечни спомените на хероите кои во Народно-ослободителната и антифашистичка војна се бореа, а дел од нив ги подарија животите за слободата .На темелот на со крв спечалената слобода, генерации охриѓани го градеа и развиваа нашиот град, а тоа го правиме и ние. Со посветеност и упорност во работата ,реализираме бројни проекти со кои се подобрува животот на граѓаните, а така ќе продолжиме и во иднина. Ќе работиме и натаму да го зачуваме и да го надградиме имиџот на Охрид како развиен културно-историски,туристички ,образовен и стопански центар, не само во Република Македонија, туку и пошироко во светот. Таквиот однос кон Охрид е наш и аманет за генерациите после нас- се вели во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески, по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |