Од Секторот за сообраќај и улици при Општина Охрид упатуваат апел до сите охриѓани, да не минуваат со возила низ охридската чаршија затоа што покрај возењето на несоодветно место ги уништуваат и новогодишните реквизити кои деновиве се поставуваат по чаршијата. Надлежните потсетуваат дека светлечките украси се под висок електричен напон и затоа не треба да се допираат со раце.
Новогодишното декорирање на Охрид треба да заврши во текот на оваа недела.
Извор: www.ohrid.gov.mk |