Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
БАКРАЧЕСКИ ГО ПОСЕТИ ПРВОТО РОДЕНО БЕБЕ ВО ОХРИД ВО 2015-ТА ГОДИНА
Untitled Document

Градоначалникот , Никола  Бакрачески  вечерва  во гинеколошкото оделение при ЈЗУ Општата Болница  го посети првото родено дете  во Охрид  за  2015 –та година, Илија Прангоски што на Свет пристигна доцна попладнево.

Градоначалникот Бакрачески го дарува малиот Илија со 10. 000 денари и посака да биде здраво, среќно и бериќетно во животот што му претстои.  

-Ова е првата среќна  вест во Новава 2015-та Година која не израдува сите нас. Ако по првиот ден  се познава каков ќе биде текот на целата година тогаш очекуваме таа  да ни биде  пред се здрава , весела и бериќетна. Би сакал  рожбите годинава  да бидат многу почести во однос на минатата година и да се множат повеќе деца. Упатувам честитки до родителите  и посакувам новороденчето  во текот на целиот живот да го прати добро здравје , да биде среќно и бериќетно и до година да диобие братче или сестриче, изјави градоначалникот  Бакрачески.

Мајката Маја и новороденчето се во одлична здравствена состојба истакна д-р Ѓоко Танески.
-  На нашето оделение денеска  во 17 часот и 40  минути се роди  првото дете во оваа година кое е машко и е здраво. Бебето е тешко 3 килограми и 600 грама и долго 51 сантиметар . Се роди по природен пат. Мајката и детето се чуствуваат добро, истакна  Танески.  

Општина Охрид од минатата година  максимално се ангажира и го поддржува  наталитетот во Охрид. Врз основа на доставениот список од ЈЗУ Општа Болница, а по претходно потпишаниот меморандум за соработка меѓу Општината и оваа здравствена установа Локалната во секој месец трансферира по 5 000 денари еднократна парична помош за новороденче кое се родило во Охрид. Од почетокот, односно од месец јануари 2014 до денес оваа парична помош е доделена на 385 мајки  од Охрид, односно по овој основ општината исплатила 1 милион 925 илјади денари.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1471  пати
Објавено на: 01.01.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©