Во текот на вчерашниот последен ден од посетата на Израел продолжија поединечните средби на преставниците на локалната самоуправа со менаџери на компании од областа на туризмот, спортот и високата технологија.
Градоначалникот Бакрачески и раководителот на секторот за туризам се сретнаа со г-дин Шмуел Цурел, поранешниот Директор на Хотелската Асоцијација на Израел и Директор на маркетинг за странски држави при Министерството за Туризам на Израел, а сегашен Генерален Директор на S. ZUREL компанија за тиристички маркетинг, како и со г-дин Ангел Вајнштајн, поранешен Директор на Оделот за странски држави на авио компанијата ''Ел Ал'' ( El Al ) и Генерлен Менаџер на Воздухопловни услуги на Израел.
На средбата се разговараше за организација на престојната голема туристичка промоција на Охрид во Тел Авив која е планирано да се одржи во периодот пред почетокот на следната туристичка сезона во Охрид. Воедно се разговараше и за посета на Охрид од страна на најголемите израелски туроператори на кои ќе им се презентира туристичкиот потенцијал на охридскиот регион како и можностите за соработка со домашните туристички работници.
Извор: www.ohrid.gov.mk |