Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СО ИДЕИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ДО ПОДОБАР ОХРИД
Untitled Document

Како дел од  отчетното,  транспарентно и одговорно работење на градоначалникот Никола Бакрачески, а во  рамки на   своите заложби за активна партиципација на граѓаните  во процесот   на креирање на  политики,   општина Охрид денеска на плоштадот „Св. Климент Охридски“   организира  „Ден на идеи“.

Градоначалникот Бакрачески заедно со  директори  од охридските јавни претпријатија, раководители на сектори и одделенија и стручни  лица од службите на општина Охрид  ги слушаше     идеите ,  предлозите  или сугестии   кои им ги даваа охриѓани а најдобрите од нив  ќе бидат  инкорпорирани во идните програми за работа на општина Охрид.

-  На мое задоволство, одзивот на  граѓаните е добар. Тие доаѓаат тука ги изнесуваат своите идеи и на тој начин активно допринесуваат во градењето на подобар Охрид и стануваат партиципиенти во идните програми на општината  за уредување на градот, во комуналната, сообраќајната сфера, во делот на урбанизмот, културата, туризмот, спортот и сите области од секојдневното живеење на градот. Тоа е еден од начините за отчетно и транспарентно работење кое ние го етаблиравме  уште од почетокот на нашиот мандат и од кое што не размислуваме да отстапиме. Ваквите средби со граѓаните и непосредните контакти со нив ќе продолжат и во иднина и се надевам дека од денешниот ден и тоа како Локалната самоуправа  ќе се здобие со многу интересни идеи , предлози и  замисли  за тоа како  во иднина  треба да  изгледа Охрид. По  разгледувањето на доставените идеи и предлози и по проценката на можностите за имплементација и реализација на идеите и по нивното инкорпорирање во некои од програмите за работа на секторите и јавните претпријатија секако дека наша цел ќе биде истите тие иницијатори на идеи да бидат  објавени. На тој начин настојуваме  да ги мотивираме останатите граѓани да добијат инспирација  и активно да партиципираат во градењето на  подобар Охрид заедно со службите на Локалната самоуправа- изјави градоначалникот, Никола Бакрачески.

 Слични средби со граѓани  преку кои тие активно ќе учествуваат во креирање на  политики , општина Охрид ќе реализира  и во наредниов период.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1340  пати
Објавено на: 12.06.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©