Владата на Република Македонија водејќи се од стратешката определба за спроведување мерки и активности, политики и реформи за зголемување на вработеноста на граѓаните, објави проект за вработување на 1600 лица кои потекнуваат од социјално ранливи категории, со цел да се даде посебен вид поддршка на овие лица кои се во понеповолна позиција на пазарот на трудот.
Општина Охрид ги охрабрува сите лица кои ги исполнуваат критериумите од овој оглас да конкурираат за да се стекнат со можност за да се вработат. Шансите и можностите се еднакви за сите.
Со овој оглас предвидени се 1600 вработувања во ЈП „Македонски шуми“, кој во определен обем претставува иницијален чекор во постапката за реализација на вработувањата и тоа за лицата кои понатаму би требало да бидат распоредени на работни места во други институции, а во останатиот дел претставува и финален чекор за реализација на вработувањата за лицата кои ќе останат своите работни задачи да ги извршуваат во „Македонски шуми“.
Изборот на кандидати ќе се врши со бодирање. Така долгорочното невработените лица ќе добијат 40 бодови за остварени приходи во домаќинството, 40 бода за години на невработеност и 20 бода за години на стаж потребни за стекнување на услови за пензија. Втората категорија, лицата од многудетни семејства ќе добијат 40 бода за број на деца во семејството, 40 бода за приходи на домаќинството и 20 бода за самохрани и еднородителски семејства. Третата категорија, самохрани родители и еднородителски семејства ќе добие 50 бода за приходи од домаќинство, 25 бода за број на деца во семејството и 25 бода за години на невработеност. Четвртата категорија невработени лица од семејства каде нема ниеден вработен ќе добие 40 бода за приходи од домаќинство, 40 бода за број на деца во семејство и 20 бода за број на членови во семејство, истакна Ѓорѓиев.
Втората категоризација, ќе биде во зависност од квалификациите на лицата. Со ниска стручна спрема ќе бидат вработени 976 лица, односно по 244 во рамките на секоја категорија, со средна стручна спрема 476, односно по 112 лица во секоја од наведените четри категории и 152 лица со висока стручна спрема или по 38 лица во секоја категорија.
Една третина од овие 1.600 лица ќе останат на работа во Македонски шуми.
Огласот ќе трае еден месец, односно до 22 јуни, а процедурата за аплицирање е многу едноставна и со многу мали трошоци. Потребни се три документи, апликација, документ за завршен степен на образование и државјанство.
Со ваквиот проект лицата од социјално ранливите категории ќе се вклучат во општествените процеси и ќе обезбедат егзистенција за себе или егзистенција на своите семејства.
За повеќе информации кликнете на линкот http://vlada.mk/?q=node/6558&language=mk
Извор: www.ohrid.gov.mk |