Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВО ПОЖАР НАСТРАДАА МАЈКА И ДЕТЕ
Untitled Document

Утрово во населбата Чекоштина  изби пожар на импровизиран објект за живеење во кој настрадаа мајка и седуммесечно бебе.

Командирот на ТППЕ Охрид, Спасе Прентоски соопшти дека интервентната група пожарникари од Територијалната противпожарна единица Охрид излезе на терен со 2 возила и 8 пожарникари каде затекна комплетно опожарен и срушен објект.
При интервенцијата и расчистувањето пронајден е леш на жена за што веднаш беше известен  Секторот за внатрешни работи за да изврши увид на лице место. При увидот пронајдено е и изгореното тело на мало бебе. По налог на истражен судија телата се дадени на обдукција – рече Прентоски.

Градоначалникот Бакрачески го посети опожареното место и изрази жалење поради загубата на човечките животи. 
Во изминативе неколку години во повеќе наврати е интервенирано на овој импровизиран објект.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1243  пати
Објавено на: 11.07.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©