Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ ДОУРЕДУВА И РАЗУБАВУВА КЕЈОТ ВО ПЕШТАНИ
Untitled Document

Во рибарската населба Пештани во тек се  активностите од втората фаза  која се однесува на   изградбата на пешачката патека по должината на езерскиот кеј од Рибниот ресторан кон Охрид. Во моментов завршени се 80 % од градежните активности .

Во изминатиов период, просторот на патеката  беше комплетно тампониран, а на површина од 450 метри квадратни поставени се бехатон елементи. По целата површина  на патеката поставени се инсталации за ново улично осветлување како и инсталации за наводнување. Во моментов се уредуваат жардинјери  и просторот се подготвува за хортикултурно  разубавување.

Втората фаза од уредувањето на кејот во Пештани се очекува да биде заокружена  наредната недела, а активностите ги реализираа охридските јавни претпријатија.
Минатата година беше завршена првата фаза од проектот која се однесуваше на уредување на кејот од рибниот ресторан до поранешната полициска станица.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1345  пати
Објавено на: 04.06.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©