Во организација на месната заедница од селото Куратица и со поддршка на општина Охрид, денеска се одбележа 110 годишнината од битката кај Рашанец. Во рамките на одбележувањето на овој голем настан беше организиран марш од селото Куратица до вечното почивалиште на војводата Аргир Маринов- Маринче и неговите востаници.
Учесниците на маршот , кај месноста Клинчи гумења беа запознати со детали од настанот, ги видоа пешерите во кои се криело населението, болницата, фурните и пушкарниците, а потоа положија цвеќе и му одадоа почит на војводата Маринче.
Извор: www.ohrid.gov.mk |