Во спортската сала ‘’Билјанини Извори’’, денес се се одржа летен турнир во кошарка во младински категории.
Турнирот е во организација на КК. Колибри - Oхрид во соработка со Ј.П. ‘’Билјанини Извори’’ - Охрид, а под покровителство на Локална самоуправа Охрид.
На Турнирот зедоа учество околу 150 деца од Охрид, Кичево, Кавадарци и Струга.
На настанот, во име на градоначалникот на град Охрид Д-р. Никола Бакрачески се обрати в.д. Директорот на Ј.П. Билјанини Извори – Охрид Иванчо Цветкоски. Цветкоски нагласи дека денешниот настан е дел од стратегијата на јавното претпријатие и на локалната самоуправа за развој на спортот, пред се развој на младите.
Настанот е со тенденција да прерасне во традиција.
Извор: www.ohrid.gov.mk |