Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ СЕ СРЕТНА СО БОНД ДЕВОЈКИТЕ
Untitled Document

Атрактивните БОНД девојки денеска беа пречекани и од градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, кој им посака топло добредојде во градот во кој се одржува најголемата музичко сценска  манифестација.

Нaјексклузивните гости на годинешново 53-то издание на Охридско лето, најголемата атракција на денешницата БОНД вечерва на  Антички ќе одржи концерт  кој предизвика најголем интерес кај публиката и за кој се бара билет повеќе.

Девојките, кои синоќа  пристигнаа во Охрид, изјавија дека се воодушевени што ќе бидат дел од сцената на која настапувал  Најџел Кенеди. Посакаа престојот во Охрид  да им трае подолго , да уживаат во концертот на Роби Лакатош.
Зборувајќи за тоа како дошле до идејата да се нарекуваат БОНД, изјавија дека намерата била името да ги асоцира на музичко и пријателско поврзување.  Велат дека успехот во кариерата и бројните турнеи не влијае врз нивниот приватен живот.
„Имаме многу среќа што имаме добри партнери и најчесто на турнеите ги носиме и нашите семејства. Имаме и слободно време но и интензивни турнеи низ светот и тогаш ги земаме и нашите партнери“

„Мега ѕвезди со над 5 милиони продадени албуми, група која го освои светот , која ги руши сите бариери за стилски и жанровски концепти во музиката. Многупати инспирација за голем број групи, копирани но никогаш достигнати“, вели селекторот на музичкиот дел од програмата Гордана Јосифова Неделковска го најави  составот на најпродаваниот гудачки квартет на сите времиња, БОНД, Таниа Дејвис (виолина), Иос Чатер (виолина), Елспет Хенсон (виола) и Геј-Ји Вастерхоф (виолончело).
Четирите атрактивни и исклучително талентирани девојки велат дека се почестени што се дел од овој Фестивал. Вечерашната програма ја најавија како  своевидна компилација на познати нивни точки, изведби на познати дела од досегашните нивни албуми, како и изведби од нивниот последен албум.

Ќе изведеме многу композиции од нашата продукција, од последниот албум, како и специјално за македонската публика, „Александар Велики“ од нашиот прв албум. Тоа дело одамна не сме го свиреле, така што ова е особена прилика да го сториме тоа, изјави Геј-Ји Вастерхоф.
Ѕвездите на „Бонд“ изразија задоволство што имаат прилика да настапат на „Охридско лето“ за кој рекоа дека го знаат како фестивал со голем квалитет и повеќе од петдецениска традиција, и тоа преку разговорите со некои од ѕвездите кои веќе настапувале во Охрид, спменувајќи го тука Најџел Кенеди кој беше дел од минатогодишното фестивалско издание.

„Знаеме дека станува збор за многу добар Фестивал со долга традиција од 53 години и навистина ни е драго што ќе настапиме. Се надеваме дека ќе уживате во концертот. Ќе свириме многу песни од сите наши албуми  и една нумера посебно за македонската публика, Александар Велики. Веќе некое време не го имаме изведувано ова дело и затоа сме многу возбудени што тоа ќе се случи токму вечерва“, изјавија девојките на  денешната пресконференција.

Последниот нивен настап беше минатата недела на Олимпискиот стадион во Лондон, каде беа дел и на церемонијата на затворањето на Олимписките игри минатата година. После настапот на Антички почнуваат со подготовки за нивна голема турнеја низ Кина и Далечниот Исток.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1254  пати
Објавено на: 27.07.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©