Општина Охрид распиша Конкурс за прибирање на барања за користење на
средства од буџетот на општина Охрид преку субвенционирање на трошоци за
користење на спортските терени на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид. Целта на
оваа одлука е поттикнување на масовниот спорт и спортот воопшто,
поттикнување на здравјето на граѓаните, комуникацијата, соработката и
тимската работа како и создавање услови за живеење на младите кои
претставуваат движечка сила и промотор на новите вредности.
На конкурсот можат да аплицираат Здруженија на граѓани и Акционерски друштва
или друг облик согласно законската регулатива. Условите кои треба да ги
исполнат подносителите се пропишани во
КОНКУРС ЗА ПРИБИРАЊЕ НА БАРАЊА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА
ОПШТИНА ОХРИД ПРЕКУ СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СПОРТСКИТЕ
ТЕРЕНИ НА ЈП,, БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ”-ОХРИД.
Заинтересираните своите пријави можат да ги достават до Архивата на општина
Охрид – Ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, 6000 Охрид, најдоцна до 26.12.2014
година до 13 часот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |