Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ИНТЕНЗИВНО СЕ САНИРААТ ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДРАЧЈА ВО ОХРИД
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со претставници на Општинскиот штаб за заштита и спасување и надлежните служби и јавните претпријатија, денеска ги посети поплавените подрачја и направи увид на на зафатите за итно санирање на критичните  места.

-Имаме сериозини последици од обилните врнежи кои ноќеска  паднаа од 90 до100 литри на метар квадратен. Штети има  на неколку локации во градот и во селата.На улицата „ Железничка“ има поплавени куќи веднаш под патот, кои се под вода поради  ниската положба на земјиштето и малиот капацитет на одводните канали кои ја дренираат водата од поголемите канали кај реката „ Грашница“ .

Сериозни проблеми со  одрони од камења и свлечишта има во селото Велгошти кај училиштето каде е наведнат потпорен ѕид и има една бандера која е наведната и има опасност од прекин на електрична енергија.Екипи од јавните претпријатија  „ Охридски комуналец“ и „ Нискоградба равботат“ на отстранување на оваа локација.

На  потегот од хотелот „ Метропол“ до центарот на Пештани има наноси.Има поголем нанос   кај населбата „ Елешец“ каде екипи на „ Македонија пат“ РЕ „ Водовод“- Охрид работат на расчистување на свлечиштето и ги отстрануваат наносите во центарот на Пештани..

Поплавени се и повеќе  куќи во населбата „ Далјан“ и на  улиците „ Стив Наумов“ ,Абас Емин“ и „ Дејан Војвода“, каде години наназад  има  поплавување при поголеми врнежи- рече градоначалникот Никола Бакрачески.

Екипи на локалната самоуправа со екипи од јавните претпријатија и противпожарната единица ги користат сите човечки ресурси и се ангажирани за да се отстранат последиците од невремето.Градоначалникот Бакрачески ги повика и приватните компании кои имаат механизација да помогнат за справување со оваа елементарна непогода.Дополнително, како што рече градоначалникот Бакрачески, ќе се вршат проценки на штетите, а  сега најважно да се санираат критичните места како превенција од евентуални нови обилни врнежи.Каналите, како што беше речено, се чистени пред  и по завршување на летото, но големите дождови и покрај расчистувањето ноќеска, не можеа да ја поднесат сета вода од врнежите.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1330  пати
Објавено на: 11.10.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©