Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД ОРГАНИЗИРА ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ОРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА
Untitled Document

Секторот за туризам и ЛЕР и канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството, во рамките на своите активности и зацртани проекти, а со цел запознавање на можностите, развојот и унапредувањето на органската храна во Република Македонија, општина Охрид организира едукативна работилница за начините за сертифицирано органско производство за сите заинтересирани  лица -  за воведување на ваков вид на органско производство, како и поголема достапност до крајни потрошувачи – хотелиери, угостители и останати лица.  Работилницата ќе се одржи на ден 11 Ноември  2014 година (Вторник) , во Големата сала на Општина Охрид, со почеток во 12,00 часот.


 Органското производство во Македонија станува се подостапно за граѓаните и се повеќе е барано и присутно во исхраната. Како систем ги зема предвид еколошките, економските и социјалните аспекти на земјоделството на локално, национално и на глобално ниво. Општина Охрид има голем потенцијал за развој и унапредување на органското земјоделско производство.

Се покануваат сите  земјоделски производители,  потрошувачи, хотелиери и заинтересирани лица за присуство . 

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1322  пати
Објавено на: 10.11.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©