Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА СУВЕНИР НА ГРАД ОХРИД
Untitled Document

Согласно Г2 Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2016-2018 година, општина Охрид на ден 13.06.2016 година ОБЈАВУВА


КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА СУВЕНИР НА ГРАД ОХРИД


 
Препознатливоста на туристичката дестинација е клучна за идентификување на туристичката понуда. Создавањето на уникатна слика за понудата и урбаниот имиџ кој ќе соодветствува со побарувачката треба да бидат додадени во делот на афирмирањето на туризмот во општина Охрид. Токму затоа, во насока на збогатување на туристичката понуда по теркот на современите туристички трендови, општина Охрид  вложува во мотивирањето и збогатувањето на креативноста, умешноста, знаењето и самоидентификувањето на туристичкиот производ на градот.
      
 Услови за учество:


-          На КОНКУРСОТ може да учествуваат сите заинтересирани правни и физички лица.


-           Сувенирот мора да ги содржи елементите на препознатливост и да ја отсликува традицијата, автентичната природа и културата на Градот .


-          Туристичкиот производ мора да биде прилагоден за масовно производство и наменет за туристичка промоција на градот. При тоа мора да се води сметка предлогот да задоволува одредени уметнички и прозиводни стандарди,  да се движи во насока на модерното уметничко видување на тематиката.


-          Материјалот, големината и бојата кои ќе се користат за изработка на сувенирот треба да бидат по идеја на авторот .


-          За изработка на сувенирот потребно е да се користат стабилни и еколошки прифатливи материјали како што се камен,керамика, метал, дрво итн.


-          Идејната концепција, развојот и начинот на изработка на сувенирот и техничките услови за изработка треба да бидат текстуално образложени .
-          Краен рок за доставување на трудовите е 13.07.2016 година.


-          Изработениот сувенир треба  да се достави  во затворен плик(кутија)на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул. „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ бр. 57  со назнака „Конкурс за избор на сувенир на град Охрид“ со назнака во горниот лев агол – „НЕ ОТВОРАЈ“


-          Податоците за авторот треба да се наведат посебно, во посебен плик приложен во трудот со назнака „АВТОР“  .  Во друг плик со назнака „Адреса за враќање на трудот“ , треба да се назначи адресата на која треба да се врати ненаградениот труд или кој нема да ги задоволува критериумите на КОНКУРСОТ.


-          Трудовите кои нема да ги содржат сите елементи опишани во КОНКУРСОТ, односно се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат предмет на разгледување.


-          За избор на „Сувенир на град Охрид“ општина Охрид  формира Комисија која ќе одлучува врз основа на горенаведените критеруими и резултатите ќе ги објави најдоцна во рок од 30 дена од завршувањето на постапката.


-          Наградата за „Сувенир на град Охрид„ е една и изнесува 30 000 денари.


-          Добитникот на наградата во меѓусебен договор со општина Охрид, зависно од проценетата вредност на трудот, должен е да достави одредена количина на сувенирот на град Охрид.
 
 
 
 


 
 
Општина Охрид
Градоначалник
Д-р Никола Бакрачески

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1326  пати
Објавено на: 13.06.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©