Во функција на Градоначалник, Секретар, Претседател на Совет и градски Советници беа трето одделенците од Основното Училиште “Кочо Рацин“ при денешната едночасовна посета на Локалната Самоуправа. Домаќин на учениците беше секретарот Димитар Спасески кој ги запозна со начинот на функционирање на општинската администрација.
При денешната обиколка низ просториите во општинската зграда дечињата добија информација секако прилагодена на нивната возраст, за начинот на работењето на Општината и носењето на одлуки кои и нив како најмлади жители ги засегаат. Младите се запознаа со надлежностите на Градоначалникот, Секретарот, на Претседателот на Совет, на Советниците и на останатите стручни служби, истакна секретарот Спасески.
При денешната посета во Општината, основците поставуваа прашања до Секретарот , кој трпеливо ги ислуша и даде одговор на сите нив најчесто од сферата на спортот и инфраструктурата.
Најмладите со низа впечатоци и доживувања ја напуштија општинската зграда. За нив најпривлечен беше кабинетот на Градоначалникот и салата во која се одржуваат седници па посакаа и тие да бидат идните градски функционери.
Извор: www.ohrid.gov.mk |