Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05,81/05,24/07,159/08,48/10,124/10, 51/11,123/12, 93/13,42/14, 44/15,129/15 и 39/16),Општина Охрид, на ден 19.10.2016 година, донесе
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ ДУП за измени и дополнување на дел од ДУП за УЗ 12, Блок 12.1-опфат 1, КО Охрид 2 Општина Охрид, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид, www.ohrid.gov.mk
- Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став(4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ ДУП за измени и дополнување на дел од ДУП за УЗ 12, Блок 12.1-опфат 1, КО Охрид 2 Општина Охрид, нема да има влијание врз животната средина од следните причини : Донесувањето и изработувањето на планот е предвидено со Одобрената планска програма бр.09-162/9 од 08.06.2016г, а основ е постојниот ГУП за град Охрид.Со реализација на планскиот документ се предвидени следните класи на намени:А1, (домување во станбени куќи), А2(домување во станбени згради) и Е2 (комунална супраструктура) .Во планскиот документ се содржат мерки за заштита од сите аспекти, а овој плански документ нема значително влијание врз животната средина и здравјето на луѓето. Исто така во планскиот опфат зеленилото се предвидува и во рамките на градежната парцела. Ќе се овозможи валоризација и афирмација на просторот и задоволување на потребите на жителите на овој плански опфат.
Против ова одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната .
Извор: www.ohrid.gov.mk |