Како дел од годишната програма, за асфалтирање пристапни патишта и улици, надлежните служби на општина Охрид асфалтираа крак на улицата „Партизанска“ во непосредна близина на Католичката црква.
Асфалтирана е површина од 360 м2 со високо квалитетен асфалт со дебелина од 7 сантиметри. Изведувач на градежните активности е фирмата „Ас Сењак“ од Кичево.
Претходно оваа улица не беше асфалтирана и е долгогодишно барање на жителите кои живеат во овој дел од Охрид.
Вредноста на проектот е 499. 266 денари.
Наредниов период ќе се асфалтираат пристапните улици меѓу зградите на улица „Димитар Влахов“.
Извор: www.ohrid.gov.mk |