Во голема еколошка акција во која беа вклучени претставници од општина Охрид, НП Галичица, извидници од извидничкиот одред „Пионер“, членови на велосипедскиот клуб “Екодром“, волонтери во Црвен крст и вработени во ЈП Охридски комуналец, изминатиов викенд беа исчистени околината на Велестово и повеќе излетнички места во Националниот парк Галичица.
Акцијата за чистење насловена како „Македонија без отпад“беше организирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, асоцијацијата „Ајде Македонијо“ и компанијата ПАКОМАК.
Учесниците во акцијата собраа поголема количина цврст отпад кој беше подигнат од службите на ЈП „Охридски комуналец“
Извор: www.ohrid.gov.mk |