Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИДСКА СОФРА 2014
Untitled Document

Годинашнава туристичко промотивна манифестација „ Охридска софра 2014“ ќе се одржи на 23 август ( сабота) кај  манастирот „ Пресвета Богородица“ во Скребатно. Оваа традиционална  манифестација  ја организира општина Охрид  со поддршка на Министерството за култура, како дел од проектот „ Топол културен бран“ и бројни спонзори и помагатели.


-Целта на манифестацијата е да се промовираат традиционалните јадења од охридскиот регион, при што централно место ќе има натпреварот во подготвување  ѓомлезе, како еден од највкусните специјалитети. За натпреварот  се пријавени  24 учесници , а наградниот фонд  е 20 илјади денари. Подготовката на ѓомлезето ќе започне  пред девет часот, а посебна жири- комисија по два и пол часа  ќе го дегустира подготвеното ѓомлезе и ќе ги соопшти  победниците- рече на денешната прес- конференција претставникот на Секторот за туризам и локален економски развој  Ѓоко Апостолов.


На „ Охридска софра“ , која официјално започнува во 10 часот во сабота, на посебни штандови ќе бидат презентирани мед, сирење, градинарски култури и други домашни производи, а студентите од Факултетот за туризам и угостителство ќе приготвуваат трационални јадења од охридскиот регион. Во забавниот дел двочасовен концерт ќе има групата „ Chalgia Sound System“ .
Ваквите промотивни  манифестации, како што рече  на денешната прес- конференција,   претставникот на Секторот за туризам и локален економски развој Ѓоко Апостолов, посебен интерес предизвикуваат кај странските туристи. Токму затоа покрај претставниците на угостителско- туристичкиот еснаф и граѓаните , во сабота, во Скребатно  се очекуваат и   поголем број  гости од странство кои престојуваат во Охрид.
За заинтересираните граѓани , организиран е бесплатен превоз од Лескоец до Скребатно во 9 и 10 часот , со враќање по завршувањето на манифестација „ Охридска софра“ .

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1317  пати
Објавено на: 21.08.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©