ПРВО ПРЕДАВАЊЕ НА БРИТАНСКАТА АМБАСАДА ЗА ПОЕФИКАСНА ОПШТИНСКА АДМИНИСТРАЦИЈА
Untitled Document
Претставници од Британската амбасада, денес во општинската зграда го одржаа првото информативно предавање како вовед на шест месечните обуки кои се однесуваат на вработените во општина Охрид во насока на нивна професионализација и зголемување на ефективноста при работењето.
„За мене лично а и како Градоначалник , многу битна е можноста за воведување на систем за само проценка, во однос на промените кои ги бараме со цел да имаме што поефикасна Локална администрација. Тоа ќе ни помогне да бидеме по инвентивни, односно да бидеме она кон што се стремиме, поотворени и транспарентни кон идеите на граѓаните“ рече градоначалникот Бакрачески кој непосредно пред денешното предавање имаше работен состанок со гостите од Британија кои обуките ќе ги реализираат по негово барање.
Неда Малеска од Центарот за управување со промени, на работната средба го запозна градоначалникот Бакрачески со текот на одвивањето на обуките.
“Непосредно пред стартот на обуките ќе се формира работна група од 17- 18 лица кои се од различни работни профили и квалификации а доаѓаат од Општината со цел да се препознаат различните потреби и интереси на луѓето . Активностите на групата ќе бидат координирани од претходно избран координатор кој ќе игра битна улога во собирањето и укажувањето на проблемите со кои се соочуваат административците. Токму затоа во процесот на обучување многу битна е доверливоста. При обучувањето вработените треба да се чувствуваат слободно и отворено да ги изнесуваат проблемите со кои се соочуваат при работа. Целиот процес ќе биде доверлив до моментот на донесување на финалниот извештај со препораки, кој се очекува да биде готов во месец февруари 2014 година “, истакна Малеска.
Градоначалникот, истакна дека секогаш ќе биде достапен и отворен да помогне доколку тоа се бара од него, во насока на успешно обучување на вработените во администрацијата.