ЗАВРШИ ДЕВЕТНАЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document
Советот на општина Охрид на почетокот на денешната седница расправаше и ја прифати Информацијата- Отчет на градоначалникот Никола Бакрачески за реализираните проекти на Локалната самоуправа во периодот април- декември 2013 година. Беа прифатени и одлуките за проширување и измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Охрид за 2014 година и за откажување на востановено корисничко право на недвижен имот- градежно земјиште.
Советниците ги усвоија одлуките за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на затворен зелен пазар и за давање согласност за задолжување на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид со долгорочен кредит во „Охридска Банка“ АД Охрид – реструктуирање на кредитното задолжение.
Од урбанистичката сфера беа прифатени предложените одлуки за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на трасите на сообраќајната инфраструктура на Кп. број 1972 КО Охрид 4 , за вклопување на бесправно изградени објекти на Кп. бр.238/2 и 239 КО Косел, Кп. бр.296/2 КО Охрид 4 , Кп. бр. 473/5 КО Велгошти, Кп. бр. 601 КО Трпејца, Кп бр. 652 КО Лескоец, Кп. бр. 776 КО Коњско, Кп. бр. 970/1 КО Оровник, Кп. бр. 1120/31 КО Оровник, Кп. бр.1222 КО Лескоец, Кп бр. 1312 КО Трпејца, Кп. бр. 1377 КО Лескоец, Кп. бр.1442/1 и 2 КО Трпејца, Кп. бр. 1449/1 и 2 КО Трпејца, Кп. бр.1474/2 и 2502/3 КО Лескоец, Кп. бр.1480 КО Лескоец, Кп. бр.1665 КО Велгошти, Кп. бр.1702 и 1703 КО Лескоец, Кп. бр. 1830/1 и 2 КО Лескоец, Кп. бр. 1836 КО Лескоец, Кп. бр.1898 КО Љубаништа, Кп. бр. 2011 КО Лескоец, Кп. бр.2145 КО Лескоец, Кп. бр.2306 КО Велгошти и на Кп. бр. 2758/1 КО Коњско.