Караванот на „Баскерфест“ и оваа година ќе шири позитивна енергија во
Охрид. Големиот број на артисти, музичари и театри на
посетителите на „Баскерфест“ ќе им понуди несекојдневно искуство и незаборавна забава,
пантомима перформанси, претстава, музика во живо, улични танчери, ликовни
изложби, креативни активности – вистински сплет на културни, забавни и
уметнички содржини.
- Втора година
по ред, имаме чест да бидеме домаќини на веќе добро познатата манифестација
„Баскерфест“ на наше големо задоволство, а се надевам и на задоволство на
охриѓани и сите посетители во градот. Во наредните неколку дена ќе можат да
уживаат во програмата на овај фестивал. И оваа година како и претходната, ќе
претставува комплементарен дел од програмата на „Бело лето“ и се надеваме
дека со тоа ќе го надополниме целокупниот впечаток што се однесува до
симболичниот почеток на летната туристичка сезона. Уверен сум дека со овие
активности кои што ги подготвивме за претстојниот викенд ќе бидат доволна
причина за охриѓани и сите гости и посетители да дојдат и да уживаат во
перформансите и активностите кои се предвидени – изјави Ѓоко
Апостолов, раководител на Секторот за туризам и локален економски развој.
Покрај логистичката поддршка оваа година, фестивалот и финансиски ќе биде
поткрепен од општина Охрид, со цел зголемување на бројот на артисти, а со
самото тоа и збогатување на туристичката понуда.
- Ги повикувам
сите љубители на добрата забава, љубители на необичната уметноста да дојдат
наредните неколку дена во Охрид и ги проследат и да уживаат во целата понуда
која ја подготвуваме – додаде Апостолов.
Уличните фестивали се значајна културна атракција во многу градови низ
светот. Благодарение на „Баскерфест“ во листата се приклучува и Охрид.
Уличните уметници годинава своите перформанси ќе ги изведуваат на Градскиот
плоштад и плоштад Чинар.
- Сакам да
изразам голема благодарност до општина Охрид, која ни излезе во пресрет за
организација на фестивалот, кој полека прераснува во една традиција.
Годинава во Охрид ќе настапат повеќе од 40 изведувачи, магионичари,
кловнови, фајар шоу. На обострано задоволство оваа година ќе имаме можност
да уживаме во точките на светски познатиот Крис Бул, чиј перформанс е одење
по жица – изјави Горан Трајчески од фестивалот „Баскерфест“.
Како новитет оваа година ќе биде тоа што по завршувањето на настапите,
охриѓани и гостите ќе можат да се дружат со артистите во „Пивската градина“
која ќе биде лоцирана во паркот пред Центарот за култура „Григор Прличев“.
За забавата во „Пивската градина“ ќе бидат задолжени повеќе бендови од
градот и државата.
Марко Дражиќ од Нови Сад кој на „Баскерфест“ настапува по четврт пат, а
оваа година премиерно во Охрид.
- Нашата точка
е фајар шоу и можам да гарантирам дека ќе биде одличен. Ќе настапуваме три
дена и се надевам дека ќе дојдете и ќе уживате во загарантираната забава,
рече Дражиќ.
Џонатан кој е кловн и по втор пат настапува во Охрид, изјави дека е многу
среќен што повторно има можност да дојде во градот каде од минатата година
понесол многу позитивни впечатоци.
Со уникатниот концепт и разнолика програма, фестивалот ги обединува
различните вкусови на публиката, што за многумина фестивалот претставува
ретка можност да се доживее градот и јавниот простор на еден сосем нов
начин.
Најпосетуваниот уличен фестивал во регионот, охриѓани и гостите ќе ги
забавуваат со своите несекојдневни перформанси три дена почнувајќи од
четврток (02.07.2015) до сабота (05.07.2015).
Извор: www.ohrid.gov.mk |