Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПОВИК ЗА НОВИ ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ
Untitled Document

Локалниот совет на млади при општина Охрид е постојано работно тело во рамките на општина Охрид. Неговите главни програмски цели се: остварување на поширок општествен интерес на младите луѓе, нивно застапување и подобрување на нивната положба.     
ЛСМ-Охрид во својата програма предвидува различни активности: обуки, работилници, трибини, семинари, спортски и културно-забавни активности, хуманитарни мисии и сл. Советот претставува место каде младите луѓе преку заедничко дружење можат да работат, меѓусебно да си помагаат, да споделуваат идеи, но и да ги промовираат позитивните општествени вредности.   

Затоа, Советот на млади при општина Охрид ги поканува сите млади сограѓани на возраст од 16 до 29 години и студенти кои се на студиски престој во општина Охрид, активно да се вклучат во работата на Советот, со давање на идеи, предлози и вклучување во реализација на активностите.     

Сите заинтересирани треба да достават кратка биографија (CV) на lokalensovetnamladi@ohrid.gov.mk најдоцна до 31 јануари 2015 година. Избраните кандидати ќе бидат контактирани по завршувањето на повикот.           

Ве очекуваме!        

Локален совет на млади           
при општина Охрид        

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1337  пати
Објавено на: 12.12.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©